Западни медиуми: дојде време Западот да пружи рака на претседателот на „ослабената“ Русија

Како што забележа Брентон, годинава главни теми за време на средбите меѓу шефот на руската држава и новинарите била економијата и Украина.

Поранешниот амбасадор на Велика Британија во Москва Ентони Брентон изјави дека за Западот дошло време да си подаде рака и да се поздрави со претседателот на Русија Владимир Путин. Ова тој го изјави во својата статија во The Telegraph, коментирајќи ја големата конференција за печатот на Путин која се одржа во четвртокот.

Путин: За економијата, политиката и кризата во Украина

Како што забележа Брентон, годинава главни теми за време на средбите меѓу шефот на руската држава и новинарите била економијата и Украина. Путин изјави дека главни причини за економските проблеми е падот на цените на нафтата, но вети дека Русија ќе се справи со тоа за две години, а што се однесува до украинската криза, рускиот претседател е „бескомпромисен“, се кажува во статијата. Поранешниот дипломат изјави дека настапот на Путин бил смел.

Освен тоа, Брентон пишува дека постои страв кај Западот, според кој „економски послаба Русија - е поопасна Русија“. Според него, тие стравови се бесмислица. „Таквите мислења ги кажуваат истите оние лица кои пред неколку недели изјавуваа дека постои опасност од „силна“ Русија на меѓународната арена“.

Западот има навика, пишува Брентон, “да се радува“ на економските маки на Русија и да не презема ништо, сѐ додека во Русија нешто не се промени. Сепак, тоа може да доведе до „хиперпатриотизам“ и „изолационизам“ во Русија, предупредува дипломатот. Тој предупредува дека Западот треба да размисли добро поради сѐ поблиските врски на Русија Со Кина и другите држави. Брентон поставува прашање: не е ли дојдено време да се започне соработка со „ослабената“ Русија и да се најде излез од украинската криза, земајќи ги предвид мислењата на обете страни?

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња