Руските тајни служби во 2014 спречиле осум терористички напади

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека тајните служби во државата во текот на минатата година спречиле осум терористички напади.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека тајните служби во државата во текот на минатата година спречиле осум терористички напади.

Како што пренесува РИА Новости, ова рускиот лидер го изјави за време на свечената вечера во Државниот Кремљовски дворец, посветена на Денот на работниците во органите на безбедноста.

„Годинава благодарение на решителните дејства спречени се осум терористички напади. Пресечена е дејноста на 46 терористички и екстремистички групи“, подвлече претседателот Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња