Путин: Русија никогаш нема да ја исплашат и изолираат

Претседателот забележа дека сѐ почесто се слушаат изјави дека Русија треба „скапо да плати за својата независна позиција.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека никој никогаш не успеал да ја исплаши и изолира Русија, пренесува РИА Новости.

Путин вети отпор на надворешниот притисок

„Очигледно е дека нема никому да му успее да нѐ исплаши и изолира. Тоа никогаш не се случило и нема да се случи“, изјави Путин.

Освен тоа, тој напомна дека такви обиди биле правени повеќепати во последниве стотина години.

Претседателот забележа дека сѐ почесто се слушаат изјави дека Русија треба „скапо да плати за својата независна позиција, за поддршката на Русите низ светот, за Крим, за Севастопољ, а понекогаш, се чини, и за тоа што постоиме“.

„Расте бројот на закани и ризици, се игнорираат нормите на меѓународното право, во игра се сите средства: заплашување, уцени, економски притисок, информациска војна, поддршка на радикалните елементи, националистички групи, обиди да се дестабилизира внатрешната ситуација“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.