Воведувањето нови еднострани санкции против Крим од страна на САД и ЕУ директно докажува - Западот признава дека одлуката за приклучување на Крим кон Русија била едногласна и доброволна, соопштува МНР на Русија.
„Воведувањето нови еднострани санкции против Република Крим и градот Севастопољ од страна на САД и ЕУ директно докажува дека Западот признава дека одлуката на жителите на Крим за приклучување кон Русија била еднодушна и доброволна. Затоа и дојде одлуката за колективна „казна“, се наведува во соопштението објавено на Министерството за надворешни работи на Русија, а пренесува порталот „Взглјад“.
„Познавањето на историјата на ниво на учебниците во средните училишта им овозможува на луѓето да се сетат кој и кога воведувал колективни казни против цели народи. Жалосно е што земјите кои себеси се нарекуваат „демократски“ во 21 век користат такви методи“, смета МНР на Русија.
Претседателот на Република Крим Сергеј Аксјонов изјави дека европските земји и САД „ги исцрпеле ресурсите за влијание“ врз Крим, и дека новиот пакет санкции нема суштински да влијае врз развојот на регионот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче