Австрискиот канцелар истапи против новите антируски санкции

Тој додаде дека санкциите биле „заштитен чекор“, но целта на ЕУ „не треба да биде нивно засилување“.

Федералниот канцелар на Австрија Вернер Фајман истапи против понатамошното засилување на санкциите на ЕУ против Русија. Ова тој го изјави во интервју за весникот Osterreich.

„Не ја поддржувам еуфоријата во многу држави на ЕУ поради успешната примена на санкциите против Русија. Не гледам никакви причини за радост. Не знам на што се радуваат кога гледаат дека руската економија паѓа?“, изјави Фајман.

Тој додаде дека санкциите биле „заштитен чекор“, но целта на ЕУ „не треба да биде нивно засилување“.

Претходно Фајман изјави дека ЕУ не е заинтересирана за изградба на ѕидови помеѓу ЕУ и Русија и дека треба да се укинат санкциите доколку продолжи мировниот процес во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња