Западни медиуми: Европските земји не се толку единствени по прашањето за санкциите

Земјите на Европската унија само на прв поглед имаат единствен став околу санкциите кон Русија, пишува "Die Welt".

Земјите на Европската унија само на прв поглед имаат единствен став околу санкциите кон Русија, пишува "Die Welt".

Путин вети отпор на надворешниот притисок

На конференцијата за новинарите по одржувањето на самитот на ЕУ во Брисел германската кацеларка Ангела Меркел најави дека Европската унија нема да ги укинува санкциите против Русија, нагласувајќи дека ставот на ЕУ околу тоа прашање е заеднички.

Меѓутоа, како што пишува весникот, само однадвор изгледа дека постои заеднички став. На пример, австрискиот канцелар Вернер Фајман не мисли така. „Санкциите се еден вид самоодбрана, но некои од нив создаваат религија од нив“.

Според неговите зборови, постои очигледен „контраст“ помеѓу поддржувачите и противниците на санкциите. Тој даде до знаење дека лично се залага за барање алтернативни патишта. „Не постои само пат кој води во длабока криза, туку и друг пат кој води надвор од неа“, додаде тој.

Претходно германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер изјави дека санкциите кон Русија не треба да бидат цел самите за себе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња