Лавров: Москва ќе ги земе предвид интересите на Србија при изградбата на гасовод во Европа

Русија ќе направи сѐ што е можно за да ги земе предвид интересите на Србија при реализацијата на новите патишта за испорака на енергенси во Европа.

Русија ќе направи сѐ што е можно за да ги земе предвид интересите на Србија при реализацијата на новите патишта за испорака на енергенси во Европа. Ова министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го изјави на конференцијата за печатот со својот српски колега Ивица Дачиќ.

Кој настрада од откажувањето од Јужен тек

„Изразивме задоволство од состојбата на билатералната соработка; го потврдивме стремежот кон понатамошно продлабочување на соработката. Тоа се однесува не само на соработката во сферата на енергетиката преку испораките на руски гас, туку и на реализацијата на новите маршрути за испорака на руските ресурси во Европа“, изјави министерот.

Лавров ги отфрли обвинувањата за специјалното засилување на политичката зависност на Србија од Русија. „Тоа е неоколонијален сленг“, забележа тој.

Дачиќ изјави дека Белград смета дека маршрутата за снабдување со гас преку Украина не е доволна и смета дека ќе се појави алтернатива.

Србија е една од државите каде требаше да помине гасоводот „Јужен тек“. На 11 декември шефот на Министерството за енергетика на Русија Александар Новак за време на телефонски разговор со заменикот претседател на Европската комисија Марош Шефчович потврди дека сите работи околу проектот „Јужен тек“ се прекинати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња