![]() |
Одлуката на ОПЕК влијаеше на руската економија |
Шефот на компанијата Mitsui & Co. во Јапонија Масами Ииџима изјави дека заедничките напори на САД и Саудиска Арабија за задржување на ниските цени на нафтата се насочени против борците на „Исламската држава“ и Русија, пишува весникот The Wall Street Journal.
„Мислам дека Саудиска Арабија и САД успешно го реализираат тој план (околу падот на цените на нафтата)“, забележа Ииџима.
Освен тоа, Ииџима стравува дека кризата во Русија е лоша не само за Европа, туку и дека ќе се распространи на целата глобална економија.
Претходно Financial Times напиша дека новите санкции на САД против Москва се закануваат со ново заладување на односите меѓу Вашингтон и Европската унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче