Премиерот на Чешка Богуслав Соботка изјави дека новонастанатата состојба во Русија негативно ќе се рефлектира врз Украина, соопштува РИА Новости.
„Тоа што сега се случува во Русија ќе има негативно влијание и на ситуацијата во Украина, бидејќи финансискиот сектор и економиите на двете држави се тесно поврзани“, забележа Соботка.
Освен тоа, премиерот на Чешка подвлече дека овој факт треба да ја мотивира Украина да ги забрза планираните реформи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче