Малку е веројатно дека Пекинг ќе ѝ предложи на Москва директна финансиска помош, но затоа поверојатно е дека Кина ќе помогне во стимулирањето на заедничките инфраструктурни и инвестициски проекти за да ја поддржи руската економија, пишува хонконшкиот весник South China Morning Post.
![]() |
Путин: За економијата, политиката и кризата во Украина |
Влошувањето на економската ситуација во Русија ќе се рефлектира и врз Кина, која заедно со Русија планира да реализира неколку големи проекти, со кои треба да се зголеми влијанието на двете држави на меѓународната арена, пишува весникот.
„Кина и Русија се подготвуваат за нова етапа во својата соработка со потпишувањето на неколку договори за реализација на крупни проекти, вклучувајќи ја и испораката на 38 милијарди кубни метри гас годишно, почнувајќи од 2019 година“, пишува весникот.
Официјалниот претставник на МНР на Кина Цин Ган изјави дека Русија има доволно сили и ресурси самостојно да ја надмине кризата.
Ако економските проблеми ја спречат Русија да ги реализира проектите тогаш ќе настрада и Кина. За да се избегне тоа, Кина е подготвена да даде поволни кредити на руските партнери, изјавуваат аналитичарите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.