Бугарскиот премиер чека конкретен одговор за иднината на „Јужен тек“

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека чека од учесниците на самитот на Европската народна партија конкретен одговор за иднината на гасоводот „Јужен тек“.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека чека од учесниците на самитот на Европската народна партија конкретен одговор за иднината на гасоводот „Јужен тек“.

Кој настрада од откажувањето од Јужен тек

„Очекуваме да ни дадат конкретен одговор за иднината на „Јужен тек“, ги пренесува Focus News зборовите на Борисов. „Меѓу Бугарија и Русија има склучен двостран договор кој е ратификуван од бугарскиот парламент, и како резултат на тоа ние имаме одредени обврски. Нашите европски партнери треба да разберат дека ние не можеме да се обратиме во меѓународниот арбитражен суд поради секој нереализиран проект и да губиме пари поради тоа“, изјави Борисов.

„Позитивен момент во оваа лоша ситуација е тоа што сега на сите им е јасно какви проблеми има Бугарија“, изјави премиерот. Според неговите зборови, претходната влада на премиерот Орешарски правела сѐ што можела за да ја изолира Бугарија „спроведувајќи сомнителни јавни тендери“. „Сега повторно ќе станеме стабилен партнер за ЕУ, што значи дека и тие се обврзани да ги исполнат преземените обврски“, забележа Борисов.

Самитот на Европската народна партија се одржа пред самитот на Европскиот совет. Самитот на Европскиот совет се одржа во Брисел од 17 до 18 декември, а во него зедоа учество шефовите на држави на Европската унија.

Источната политика сега е руска

Во јуни тогашниот премиер на Бугарија Пламен Орешарски реши да ги прекине работите околу изградбата на гасоводот „Јужен тек“ за да изврши консултации со Европската комисија.

Во почетокот на декември претседателот на Русија Владимир Путин за време на преговорите во Турција изјави дека Русија не може да ја продолжи реализацијата на „Јужен тек“ доколку се задржат сегашните услови и неконструктивната позиција на Европската унија. Тој забележа дека сѐ уште не е добиена дозвола од Бугарија за продолжување на изградбата на гасоводот во економската зона на државата. Подоцна шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер потврди дека проектот „Јужен тек“ е затворен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња