Рјабков го обвини Вашингтон за ситуацијата во руската економија

Заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков го обвини Вашингтон за тековната ситуација во руската економија, пренесува РИА Новости.

Заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков го обвини Вашингтон за тековната ситуација во руската економија, пренесува РИА Новости.

„Не се сомневаме веќе дека администрацијата на САД свесно има вмешано рака во финансиско-економската криза во Русија“, изјави Рјабков.

Заменикот министер за надворешни работи на Русија забележа дека властите на САД зборуваат за ситуацијата во руската економија „со задоволство кое е лошо го кријат“.

Претходно министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкавичус изјави дека никој не сака банкротство на Русија, но и дека новонастанатата ситуација во Русија треба да ја натера Москва да ја промени својата политика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.