Путин: создавањето „гасен хаб“ на границата помеѓу Турција и Грција зависи од европските партнери

Претседателот на Русија подвлече дека „поевтини и посигурни испораки од руските во перспектива нема да има“.

Создавањето европски „гасен хаб“ на границата помеѓу Турција и Грција зависи од европските партнери. Ова рускиот претседател го изјави на конференција за печатот, одговарајќи на прашање од агенцијата ТАСС.

Источната политика сега е руска

„Тоа не зависи од нас. Тоа во голема мера зависи и од нашите европски партнери. Сакаат да имаат стабилни, загарантирани и апсолутно јасни испораки на енергетски ресурси од Русија без никакви транзитни ризици? Прекрасно! Тогаш можеме тоа да го обезбедиме...“, изјави Владимир Путин.

Владимир Путин додаде дека „тоа може да се реализира преку Грција во Македонија, а понатаму и во Србија, сѐ до Баумгартен во Австрија“.

Што се однесува до Турција, Путин изјави дека економијата на оваа држава забрзано расте, и дека истата има зголемени потреби од ресурси. „Сега Турците поставуваат прашање за испораки и во внатрешноста на државата. Зар можеме да ги одбиеме? Ние имаме договори околу цената и рокот на испорака. Ние знаеме за нивните потреби...“, забележа претседателот Владимир Путин.

Путин подвлече дека „поевтини и посигурни испораки на енергетски ресурси од руските нема да има во блиска иднина“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња