Заменикот претседател на Внешекономбанк во Русија Андреј Клепач прогнозира понатамошно намалување на цените на нафтата, пренесува ТАСС. Ова Клепач го изјави за време на конференцијата „Русија во СТО: две години членство“.
![]() |
Одлуката на ОПЕК влијаеше на руската економија |
Нафтата од марката Brent во моментов се продава за помалку од 60 долари.
„Најверојатно цената на нафтата ќе се намали уште малку, особено ако се земе и индиферентноста на ОПЕК“, изјави Клепач.
Според него, ако цената на нафтата падне до 50 долари, тогаш ќе се зголеми и притисокот врз рубљата. За да може руската економија да ги преживее овие периоди на помала цена на нафтата, потребни се сериозни дејства од страна на Централната банка на валутниот пазар, „но не само преку растот на основната каматна стапка, туку и координирани дејства на целата влада“, смета економистот.
Клепач забележа дека не е исклучено понатамошно зголемување на основната каматна стапка на Централната банка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче