Европската унија ќе донесе нов пакет санкции против Крим во четврток, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на неименуван европски дипломат.
Новите санкции предвидуваат забрана за инвестирање на европски компании во економијата на Крим, вклучувајќи и вршење туристички услуги. Притоа, напомнато е дека санкциите нема да се применуваат ретроспективно.
Според зборовите на дипломатот, под санкции ќе се најдат идните зделки за купување претпријатија, како и учеството на европските компании во нафтените зделки во територијалните води на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче