Западни медиуми: главен противник на Кремљ станаа валутните пазари

Главен противник на Кремљ во моментов се валутните пазари, се кажува во статија на The New York Times.

Главен противник на Кремљ во моментов се валутните пазари, се кажува во статија на The New York Times. Како што забележува авторот на материјалот, руската влада се најде во „војна“ за задржување на вредноста на рубљата на фонот на сѐ поевтината нафта.

Како реагираат Русите на падот на рубљата

Банката на Русија вчера ја зголеми основната каматна стапка до 17% поради наглиот пад на рубљата наспроти доларот и еврото.

Во статијата на американскиот весник се забележува дека зголемувањето на основната каматна стапа за 6,5%, кое се случи „среде ноќ“, не е знак на сила. Такво нешто се случува само за време на „класична“ валутна криза во пазар во развој, пишува авторот на материјалот. Проблемот е во тоа што ако се обидите да ја заштитите својата валута и губите, тогаш вие, во принцип, ги фрлате вашите пари на трговците со валута.

Руските граѓани веројатно ги чека „непријатна комбинација“ на пад на економијата и висока инфлација, а од тоа може да се заклучи дека зимата ќе биде долга и студена, смета авторот на материјалот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња