Путин телефонски зборуваше за ситуацијата во Украина со Меркел, Оланд и Порошенко

Лидерите на државите разговараа за прашањата околу економската поддршка на регионот и праќање хуманитарна помош за населението.

Претседателот на Русија Владимир Путин телефонски разговораше со германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд и претседателот на Украина Петро Порошенко. Лидерите на државите зборуваа за ситуацијата на југоистокот на Украина, се пренесува на интернет-страницата на Кремљ.

За време на разговорот била подвлечена неопходноста од целосен прекин на борбените дејства на Донбас, како и размена на затвореници и повлекување на тешкото вооружување од линиите на фронтот.

Исто така лидерите на државите разговараа за прашањата околу економската поддршка на регионот и праќање хуманитарна помош за населението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња