Претседателот на Боливија Ево Моралес смета дека падот на цените на нафтата е резултат на економската агресија од страна на САД, соопштува Telesur.
„Падот на цените на нафтата е класична економска агресија против Русија и Венецуела“, изјави Моралес.
Боливискиот лидер изјави дека од економскиот притисок на САД страдаат многу држави во Латинска Америка, вклучувајќи ги и Боливија, Куба и Аргентина.
„Ќе се спротивставуваме на оваа економска агресија заедно“, увери Моралес.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.