МНР на РФ: НАТО ги прекина односите со Русија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Алијансата веќе ги прекина односите со Русија.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Алијансата веќе ги прекина односите со Русија, пренесува ТАСС.

На Русија и на НАТО им требаат правила за коегзистенција

Одговарајќи на прашањето на коресподент на France 24 за тоа дали Русија ќе ги раскине односите со НАТО, Лавров изјави дека „нема потреба ние тоа да го правиме, бидејќи НАТО веќе тоа го направи“.

„Практично тие ги прекинаа сите врски со Русија“, забележа министерот. Во „замрзната состојба“ е само Советот Русија-НАТО, а прекинати се сите механизми за практична соработка, вклучувајќи ги мисиите во Авганистан, борбата со тероризмот и некои други проекти. Тие замрзнаа сѐ“.

„Сепак, правејќи го тоа тие ни предложија да продолжиме да ги обучуваме пилотите за Воено-воздушните сили на Авганистан, но не како дел од соработката Русија-НАТО, изјави Лавров. Со други зборови, тие сакаат да ја продолжиме реалната работа, но јавно не сакаат да кажат дека соработуваат со Русија“.

„Тоа е детски, но што да се прави. Понекогаш и големите деца играат игри“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња