Кери: Соединетите Држави не сакаат Русите да страдаат од санкциите

Вашингтон нема за цел и не сака руските граѓани да страдаат од воведените санкции против Русија.

Вашингтон нема за цел и не сака руските граѓани да страдаат од воведените санкции против Русија поради ситуацијата во Украина, изјави државниот секретар на САД Џон Кери.

„Не сакаме рускиот народ да страда. Тоа не е наша цел. Има многу фактори, но санкциите воведени за да го натераат претседателот Путин да направи друг избор“, изјави Кери а пренесува РИА Новости.

Кери смета дека наскоро ќе се појави можност за излез од кризата во Украина. Според него, тој веќе забележува конструктивни чекори од страна на Русија.

Претходно државниот секретар изјави дека „сите ја следат ситуацијата со курсот на руската рубља“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.