Портпаролот на Барак Обама Џон Ернест изјави дека антируските санкции ќе бидат укинати доколку претседателот Владимир Путин ги почитува Минските протоколи. Со ова ќе се намали притисокот врз руската економија и граѓаните на државата, забележа претставникот на Белата куќа.
„Сега тој и неговата држава се изолирани од голем дел од светската заедница. Тие преземаат очајни чекори, обидувајќи се да ја зацврстат својата валута. Се судираат со сериозни проблеми во економскиот раст на Русија“, изјави Ернест, а пренесува РИА Новости.
Претходно портпаролот на Белата куќа изјави дека претседателот на САД Барак Обама е подгтовен да ги потпише новите антируски санкции кон крајот на неделата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче