Финансиската криза во Русија ја прави Москва сѐ понепредвидлива, пишува The Fortune. Списанието пишува за падот на курсот на рубљата, забележувајќи дека Русија нема преживеано таква криза од 1998 година.
Претходно беше соопштено дека Централната банка на Русија ја зголеми основната каматна стапка до 17% на фонот на сѐ поголемиот пад на рубљата наспротив еврото и доларот.
![]() |
Како реагираат Русите на падот на рубљата |
Како што забележува изданието, искушението да се радуваат останатите на економските проблеми на Русија е големо, и многумина сакаат да си честитаат за успехот од воведените санкции против Москва. Сепак, не треба прерано да се радуваат оние кои се против Москва, пишува списанието. Во статијата се подвлекува дека сѐ поголемиот економски притисок тешко дека ќе ја измени политиката на Русија кон Украина, и украинската криза и понатаму ќе продолжи негативно да влијае на економијата на Европа и целиот свет. И не само тоа, самата Украина се наоѓа на работа на банкрот, додава списанието.
Освен тоа, како што забележува изданието, финансиската криза во Русија ќе доведе до тоа западните банки да бришат сѐ повеќе кредити, а западните компании ќе ги повлекуваат своите инвестиции. Тоа може да се случи дури и во случај кризата да се префрли и на другите пазари во развој, на пример, во Индонезија или Бразил, се кажува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче