Руски астроном откри нова комета

Според набљудувањата, орбитата на кометата не покажува дека има опасност за Земјата.

Рускиот астроном Леонид Еленин, кој работи во Институтот за применета математика при Руската академија на науки, откри нова комета, трета по ред за време на својата кариера. Ова истражувачот го изјави за „Газета.ру“.

Информацијата за откритието е објавена на интернет-страницата на Центарот за мали планети при Меѓународното астрономско друштво, а објектот доби назнака MPEC 2014-X66:COMET P/2014 X1 (ELENIN).

Во моментов кометата се наоѓа на далечина од 0,877 астрономски единици од Земјата (1 астрономска единица тоа е средната далечина од Земјата до Сонцето, односно околу 149,6 милиони километри).

Според набљудувањата, орбитата на кометата не покажува дека има опасност за Земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња