Русија ги надмина САД во производството на борбени авиони

За време на 2014 произведени се 100 руски авиони.

Русија во 2014 година за прв пат ги надмина САД според бројот на произведени борбени авиони, изјави во понеделникот за „Ехото на Москва“ Владислав Гончаренко, заменик директор на дирекцијата за програми во воената авијација при „Обединетата корпорација за производство на авиони“.

За време на 2014 произведени се 100 руски авиони, од кои 95 борбени и учебно-воени, изјави Гончаренко. „ние во 2013 година приизведовме 68 борбени и учебно-борбени авиони, како и еден воено-транспортен авион, а оваа година се планираат вкупно 100 парчиња, па дури и еден авион за специјални намени“, истакна тој.

Тој исто така нагласи дека успешно се завршува и планот за модернизирање на авијациската техника, а се вршат и нучноистражувачки и конструкторски работи околу создавање на нови и модернизирање на веќе постојните авио-системи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.