Германската канцеларка Ангелка Меркел го поддржа стремежот на Бугарија да ги продолжи преговорите со Русија за реализација на проектот „Јужен тек“, пренесува Ројтерс.
„Треба да ги разгледаме сите правни прашања кои се поврзани со проектот ‘Јужен тек’ и да ги искористиме за да ги продолжиме преговорите со Русија“, изјави Меркел.
Претходно шефот на Министерството за енергетика на Русија Александар Новак, за време на телефонски разговор со заменикот на претседателот на Европската комисија Марош Шефович, потврди дека работата над проектот „Јужен тек“ е прекината.
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека ќе настојува да се реализира „Јужен тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче