Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров смета дека Крим може се разгледува како место за разместување нуклеарно оружје. Според неговите зборови, Крим никогаш не бил „зона без нуклеарно оружје“, од аспект на меѓународното право.
„Сега Крим е во составот на држава која според Договорот за нераспространување на нуклеарното вооружување поседува такво оружје“, изјави Лавров, а пренесува „Интерфакс“.
„И руската држава има, во согласност со меѓународното право, право да размести свој арсенал таму во согласност со своите интереси и своите обврски кон меѓународното право“, истакна шефот на руската дипломатија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче