Ситуацијата околу руската рубља ги интересира сите, изјави шефот на Стејт департментот на САД, Џон Кери, а пренесува Ројтерс.
![]() |
Како реагираат Русите на падот на рубљата |
„Сите ја следат ситуацијата со руската рубља“, изјави Кери во Лондон.
Според мислењето на шефот на Стејт департментот, падот на руската валута е поврзан не само со санкциите, туку и со падот на цените на нафтата.
Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави во интервју за Блумберг дека претседателот наскоро не планира специјални средби со министрите за да разговара за падот на рубљата.
„Путин се наоѓа во постојан контакт со владата. Засега нема неопходност од свикување состанок на владата и претседателот“, изјави Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче