Изјавата на премиерот на Русија Дмитриј Медведев околу ризиците за транзитот на стоки преку Украина и можноста за соработка меѓу Киев и Москва се реални, сметаат експертите кои беа анкетирани од РИА Новости. Тие забележуваат дека мобилизацијата на трошоците за воени потреби и силната антируска политика во украинските медиуми само ја влошуваат и онака лошата социјално-економска ситуација во државата.
Во понеделникот Медведев во „Независима газета“ објави статија во која изрази мислење дека пред Украина се наоѓаат „новите деведесетти“ поради нејзиниот социјално-економски колапс. Премиерот се посомнева и во безбедноста на испораките низ Украина.
Според РИА Новости, анкетираните експерти се согласиле со милењето на премиерот на Русија околу ситуацијата во Украина. „Украина сега се користи како инструмент, како дрво кое се фрла во оган за да се разгори што е можно она што е до него – Руската Федерација од едната страна, и Европската унија од другата“, смета Богдан Беспалко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче