Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ) спроведе анкета за тоа како жителите на Русија ја оценуваат успешноста на државите од постсоветското пространство и кои од нив ги гледаат како партнери на Русија.
Според анкетата, најуспешни држави во Заедницата на независни држави се Белорусија (66%) и Казахстан (45%). На прашањето со кои држави во ЗНД Русија има најдобри односи, две третини ја именувале Белорусија, а околу половина од анкетираните – Казахстан.
Почнувајќи од 2013 година Русите не ја сметаат Украина за успешна држава. Во 2013 година такво мислење имале 21% од анкетираните, а во тековната – само 2%.
На крајот на списокот на успешни држави се најдоа Грузија и Молдавија (по 5%), Туркменистан (4%), Узбекистан (3%) и Таџикистан (2%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче