![]() |
Бизнисот ќе ја освои вселената |
Раководителот на Роскосмос Олег Остапенко изјави дека федералната агенција размислува за создавање на вселенска станица, слична на Меѓународната вселенска станица, пренесува РИА Новости.
„Потврдувам дека ја разгледуваме таа варијанта“, изјави шефот на Роскосмос.
Според мислењето на Остапенко, создавањето на станицата ќе овозможи решавање на задачи од „различен карактер“.
Претходно беше соопштено дека некои од научниците ја сметаат идејата за вселенска станица за непрактична и дека ќе доведе само до појава на неоправдани трошоци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче