Централната банка на Русија смета дека падот на светските цени на нафтата делумно доведе и до девалвација на рубљата, а санкциите дополнително го забрзаа нејзиниот пад, пренесено е во извештај на ЦБ.
Притоа, Централната банка на Русија смета дека шпекулациите имаат 8 до 10% удел во падот на рубљата.
Во текот на денешниот ден курсот на рубљата кон еврото порасна на 80 рубљи за едно евро.
Централната банка прогнозира пад на БДП на Русија за 4,5 до 4,7% доколку средната цена на нафтата изнесува 60 долари за барел следната година.
Раст на економијата може да се очекува дури во 2017 година доколку се задржи оваа динамика на цените на нафтата, и тоа од 5,6 до 5,8%, особено затоа што ќе помине доволно време за да се адаптира економијата кон новите услови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче