Медведев: асоцијацијата со ЕУ ќе ѝ наштети на украинската индустрија

Освен ова, премиерот Дмитриј Медведев смета дека Украина се наоѓа на работ на социјално-економски колапс.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев смета дека асоцијацијата на Украина со Европската унија само може да ѝ наштети на украинската индустрија и земјоделскиот сектор. Ова премиерот на Русија го напиша во својата статија на страниците на рускиот весник „Независима газета“.

„Значаен дел од украинските претпријатија на својот пазар нема да ја издржи конкуренцијата со европските производи кои  масовно ќе се најдат во слободна трговија, бидејќи според Договорот за асоцијација, Украина речиси целосно ќе ги укине увозните давачки“, напиша Медведев.

Освен ова, премиерот Дмитриј Медведев смета дека Украина се наоѓа на работ на социјално-економски колапс. „Најверојатно нашите соседи ќе треба да поминат низ ’втори 90-ти’. И, за жал, сметам дека претстои дефолт во земјата, а понатаму и поголема закана од социјално-економски колапс на Украина“, пишува Медведев.

Премиерот подвлече дека многу држави во светот, вклучувајќи ја и Русија, имаат големи проблеми. „Сепак, нема да се случи пад на БДП на Русија за 7 до 9% (според оценката ММФ), нема да се случи 20% инфлација, нема да се намалат валутните резерви, нема да се зголемат комуналните трошоци“, подвлече Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња