Медиуми: Москва нема да го потпише меѓународниот договор за трговија со оружје

Москва не планира да го потпише Меѓународниот договор за трговија со оружје, пренесува весникот „Комерсант“, повикувајќи се на извор близок до Владата на Русија.

Москва не планира да го потпише Меѓународниот договор за трговија со оружје, пренесува весникот „Комерсант“, повикувајќи се на извор близок до Владата на Русија. „Москва не планира да го потпише Меѓународниот договор за трговија со оружје. Се работи за прв правно обврзувачки документ кој ги регулира правилата на пазарот на оружје“, пишува весникот.

Договорот го усвои Генералното собрание на ООН на 2 април 2013. Против усвојувањето на овој документ гласаа само Северна Кореја, Иран и Сирија. Русија, која според извозот на оружје го зазема второто место во светот, се најде меѓу 23-те земји кои беа воздржани. Договорот ќе стапи на сила 90 дена откако го ратификуваат 50 земји во светот, што значи на 24 декември годинава. Досега истиот т потпишан од 125 земји.

Според информациите со кои располага „Комерсант“, Москва не го потпиша Договорот за трговија со оружје бидејќи не се почитуваат две клучни барања. Русија бара во текстот да биде воведена одредбата за забрана на испораките на оружје на „неовластени недржавни ентитети“, како и да видат заострени санкциите во случај на повторен извоз на оружје во трети земји.

Руските експерти го оценуваат договорот како „нецелосен“ и „несодржаен“. „Документот ја ограничува легалната продажба на оружје на проблематични режими (на пример, на оние кои ги кршат човековите права), но не ја ограничува продажбата на оружје на опозицијата која се бори против Владата на својата земја“, наведува весникот. Експертите исто така изразуваат страв дека договорот е во корист на големите произведувачи и извозници на оружје и дека тоа може да се искористи како инструмент за притисок врз „проблематичните“ режими. Ова е прв договор со кој се регулира трговијата на конвенционално оружје со цел да се спречи нелегалната и неконтролираната трговија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња