Лавров: притисокот врз Русија е бесперспективен

За време на средбата во Рим Лавров и Кери разговараа и за палестинско-израелскиот конфликт, сириската криза, иранската нуклеарна програма и судирите на југоистокот на Украина.
Путин вети отпор на надворешниот притисок

Шефот на Министерството за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров за време на средбата со својот американски колега Џон Кери изјави дека обидите за вршење притисок врз Русија се бесперспективни, пренесено е од руското МНР.

„Во контекст на ситуацијата на југоистокот на Украина, се акцентира неопходноста за последователно извршување на минските протоколи, како и што поскоро одржување состанок на контактната група. За време на разгледувањето на билатералните интереси, Лавров подвлече дека нивниот развој е можен само врз основа на рамноправност и заемно земање предвид на интересите, додека обидите за било каков притисок врз Русија се бесперспективни“, изјавено е во МНР на РФ.

За време на средбата во Рим Лавров и Кери разговараа и за палестинско-израелскиот конфликт, сириската криза, иранската нуклеарна програма и судирите на југоистокот на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња