„САД си дозволуваат право да даваат тешки изјави и носат одлуки во интерес на целиот свет“, изјави Горбачов, истакнувајќи дека ако САД сакаат да бидат лидер, тие, сепак, не можат да бидат единствени во светот. „Тие сакаат да бидат лидери и тие можат да го направат тоа, но во партнерство со другите земји, затоа што лидерството денес е можно само преку партнерство“, истакна политичарот, а пренесува RT.
Горбачов исто така истакна дека граѓаните на САД не ја сакаат војната која ја води нивната Влада, но и дека на Американците им е тешко да живеат во општество кое функционира според сопствените моќни механизми. „Ним им треба перестројка!“, смета поранешниот претседател на САД.
Одговарајќи на прашањето за навиката на Вашингтон да ја префрлува одговорноста на некој друг, меѓу другото, и одговорноста за решавање на ситуацијата во Украина врз Русија, Горбачов истакна дека префрлањето на одговорноста е „американски метод“, додека доказите за невиноста на САД можат да ги обезбедат американските медиуми, кои секогаш се подготвени да ги заштитат интересира на сопствената држава. „Имено тоа е американскиот метод - префрлување на одговорноста. Нивните медиуми ќе обезбедат сѐ што треба. Бог знае што сѐ можат да докажат!“, додаде Горбачов.
Перестројката е општо име за реформите и новата идеологија на советското раководство, со помош на кои беа извршени темелни промени во економскиот живот и политичката структура на СССР. Овие реформи ги иницираше Михаил Горбачов, а спроведувањето траеше од периодот меѓу 1986 до 1991.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче