Премиерот на Финска Александар Стуб се плаши за безбедноста на цивилната авијација поради „активноста“ на руските воени авиони, пренесува Yle.
Според зборовите на политичарот, во моментов ситуацијата во светот е поопасна отколку порано. Ова Стуб го поврза со зачестените летови на руските ловци.
„Стравовите за безбедноста на летовите на цивилните авиони се реални. Дејствата на авијацијата треба да се остваруваат согласно со меѓународните стандарди“, изјави премиерот.
Претходно Финска воведе измени во траекторијата на движење на цивилните летови. Се забележува дека ваквото решение е донесено веднаш откако над небото над Шведска наводно бил забележан руски авион.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче