Од 10 до 14 декември во Струмица престојуваше делегација од рускиот град Елекстростаљ (Московска област). Посетата беше направена за време на одбележување на Денот на градот (Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици – заштитници на градот).
Делегацијата од градот Елекстростаљ допатува по покана на градот Струмица во рамките на Договорот за соработка и побратимување, потпишан во 2013 година. Во составот на делегацијата се најдоа работници од образовната сфера, здравството, културата и спортот. Раководител на делегацијата беше Елена Ивановна Миткина, началник на Одделот за образование при Администрацијата на Електростаљ.
Целта на посетата во Струмица е давање конкретни предлози од општествената сфера. Делегацијата ја прими лично градоначалникот на градот Зоран Заев. Гостите посетија неколку школи, болници, спортски објекти, детска градинка, библиотека, а извршија и неколку средби со локалните колеги.
Ова е трета посета на делегација од Електростаљ во Струмица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче