Ректорот на МГУ: намален е одливот на научници од Русија

Ректорот на Московскиот државен универзитет Виктор Садовничи изјави дека е намален бројот на научници кои ја напуштаат Русија.

Ректорот на Московскиот државен универзитет Виктор Садовничи изјави дека е намален бројот на научници кои ја напуштаат Русија, соопштува ТАСС.

Московскиот државен универзитет меѓу петте најдобри универзитети од БРИКС

Оваа изјава ректорот на МГУ ја даде за време на отворањето на Кавкаската опсерваторија во Карачаев-Черкесија.

„Според нашиот механичко-математички факултет – бисерот на светската математика – од 90-те години до сега заминаа 30% од научниците. Сега многумина сакаат да се вратат и се враќаат“, забележа ректорот.

Според неговите зборови, некои научници сакаат да работат и во странските и во руските универзитети истовремено.

„Ми се чини дека сега работите одат на подобро“, подвлече Садовничи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња