Германската канцеларка Ангела Мекрел изјави дека Европската унија се надева на соработка со Русија, пренесува Deutsche Welle.
Меркел изјави дека договорите за асоцијација со Украина, Грузија и Молдавија не се насочени против Русија. Германија би сакала да остварува потесни економски врски со Русија, подвлече канцеларката.
Германската канцеларка повика и на дипломатско решавање на конфликтот на истокот на Украина. Според нејзиното мислење, првите чекори за мирно регулирање на конфликтот се направени во минските протоколи, и треба да се направат повеќе заложби за да се исполни тоа што е договорено.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче