Медведев: Сѐ ќе биде во ред во руската економија

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев ги повика жителите на државата „да имаат трпение“ и да не се грижат за иднината.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев ги повика жителите на државата „да имаат трпение“ и да не се грижат за иднината. Како што пренесува ТАСС, овој коментар за тековната состојба во руската економија Медведев го дал за време на телевизиската програма „Вести во сабота“.

„Треба да се има малку трпение и да се погледне како ќе се развива ситуацијата, бидејќи ние веќе поминавме низ доволно кризи и од секоја сме излегувале. Затоа сега најважно е да се задржи смиреноста и да се гледа кон иднината“, смета Медведев.

„Уверен сум дека сѐ ќе биде во ред“, додаде тој.

Според зборовите на премиерот, „не им се допаѓа на сите тоа што цените во продавниците растат. Затоа промената на курсот на рубљата за обичните потрошувачи секогаш е лоша“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња