Амбасадорот на Русија: Воената активност на Русија не е опасност за Латвија

Русија не прави ништо што би можело да ги наруши меѓународните норми со нејзината воена активност.

Амбасадорот на Русија во Латвија Александар Вешњаков изјави дека оваа држава не мора да се плаши за својата безбедност поради активноста на руските воени авиони и бродови, бидејќи Русија не ги нарушува меѓународните обврски.

Според зборовите на Вешњаков, во Калининградската област се наоѓаат воени трупи кои се поврзани со основната територија на Русија, па затоа „авионите овде летале и ќе летаат, бродовите пловеле и ќе пловат таму“.

„Русија не прави ништо што би можело да ги наруши меѓународните норми со нејзината воена активност“, пренесува Mixnews.

Латвија не треба да се плаши за својата безбедност поради тоа. Русија нема агресивни намери кон оваа земја, увери Вешњаков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња