Во последната година и половина приоритетен правец во надворешната политика на Европската унија беше т.н. проект Источно партнерство, во чии рамки ЕУ сака да го прошири економското влијание и политичките врски со Украина, Грузија и Молдавија, но бидејќи Москва има влијание во овој регион, Европа реши да се врати на надворешнополитичките интереси на Балканот, пишува весникот The Wall Street Journal.
Весникот посветува внимание на неодамнешната посета на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини во Босна, каде политичарите се обидоа да ја надминат статус кво ситуацијата околу прашањето за интеграцијата на Босна во Европската унија. „Балканот е регион каде веќе се развиваат интеграциските процеси и каде Европа има јасни перспективи“, ги пренесува весникот зборовите на Могерини.
![]() |
Русија и Балканот – време за нова стратегија |
Хрватска и Словенија веќе се членки на Европската унија, а Србија и Црна Гора преговараат за зачленување, додека Албанија и Македонија имаат „кандидатски“ статус и се подготвуваат за преговарачкиот процес, пишува The Wall Street Journal.
За разлика од Украина и Грузија, кои имаат мали перспективи за приклучување кон ЕУ, речиси сите балкански држави имаат можност да станат членки на ЕУ, пишува весникот. „Програмите за помош на ЕУ суштествено можат да им помогнат на балканските држави... Европската комисија сака до 2020 година да инвестира речиси 4 милијарди евра во вид на грантови, заеми и помош за Албанија, Босна, Косово, Македонија и Србија“, забележува весникот.
На патот на реализацијата на курсот на европската политика на Балканот се појавува и Русија, смета The Wall Street Journal. Многумина гледаат пречки во соработката со ЕУ поради политичките и културните врски на Москва со балканските држави, како и поради финансиските и енергетските интереси на Русија во регионот. Основните стравови на европските политичари се мотивирани од соработката на Русија со балканските држави. Тие сметаат дека ова може да ги заврти балканските држави во спротивна страна од патот кон ЕУ. „Овие стравови беа потенцирани од германската канцеларка Ангела Меркел минатата недела. Земајќи го предвид помпезниот прием кој го доби Владимир Путин во Србија, постои реална основа за загриженост“, забележува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче