Воената морнарица на Русија наскоро ќе добие 15 нови фрегати од проектот 22350 и модифицираната верзија 22350М. Овие бродови ќе станат дел од Арктичката група на Морнарицата, изјави за новинарите командантот на Воената морнарица Виктор Чирков.
![]() |
Графикон: Руската воена морнарица |
Вчера во Санкт Петербург се одржа официјална церемонија на спуштање во вода на втората фрегата од проектот 22350 со име „Адмирал Касатонов“.
„Во блиска иднина Морнарицата може да смета на повеќе од 15 фрегати од проектот 22350. Овие бродови ќе станат основа на групата бродови на Воената морнарица во Арктичката зона, Атлантското море и Средоземното море“, изјави Чирков.
Тој исто така изјави дека во моментов во бродоградилиштето во Санкт Петербург продолжува изградбата на фрегатите од проектот 22350 - „Адмирал Головко“ и „Адмирал Исаков“. Според спецификациите на Командата на Морнарицата, секој последователен брод од овој проект треба да се разликува од својот претходник со тоа што во него ќе бидат вградени најновите системи и технологии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче