МНР на Русија: САД се закануваат поради нарушувањето на Договорот за ликвидација на ракети од среден и мал домет

Ваквото однесување предизвикува жалење кај руската страна, се кажува во коментар на МНР на Русија.

Москва жали поради тоа што Вашингтон повторно се заканува со нови економски и воени притисоци врз Русија, обвинувајќи ја дека го нарушува Договорот за ликвидација на ракети од среден и мал домет, се кажува во коментар на руското Министерство за надворешни работи.

Според информациите на МНР на Русија, за време на седницата на Конгресот во САД на 10 декември се слушнале изјави од високи американски чиновници околу плановите на САД за примена на нови економски и воени притисоци врз Русија поради нарушување на договорот за ликвидација на ракети од среден и мал домет од руска страна.

„Предизвикува жалење решението на Вашингтон да продолжи по патот на конфронтациската логика. Нашето мислење за политиката на санкции на САД е добро познато – сметаме дека едностраните рестрикции се нелегитимни и не планираме да се потчинуваме на американскиот диктат. Што се однесува до можните воени чекори на кои алудираа американските претставници – тие само додаваат притисок во и онака сложената ситуација. Тешко дека сево ова ќе послужи за зацврстување на безбедноста на САД и нивните сојузници“, се кажува во коментарот на МНР на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија