Италијанскиот бизнис стравува од загуба на рускиот пазар

Колку подолго траат антируските санкции и ембаргото на Русија, толку повеќе места на пазарот ќе бидат оставени на локалните произведувачи и странските конкуренти.

Италијанските претприемачи сериозно се загрижени за своите позиции на рускиот пазар. Тие се уверени дека локалните произведувачи и странските конкуренти ќе го искористат ембаргото за да го заземат ослободеното деловно место во Русија, пишува италијанскиот весник Il Sole 24 Ore.

Колку ЕУ ги омекна санкциите против Русија?

Како што забележува весникот, колку подолго траат антируските санкции и ембаргото на Русија, толку повеќе места на пазарот ќе бидат оставени на локалните произведувачи и странските конкуренти. Постои ризик потрошувачите да се навикнат на другите произведувачи, пишува весникот.

„Ефектот од санкциите ќе биде најстрашен кога истите ќе бидат укинати. Тогаш ништо нема да биде како претходно. Ќе ни требаат месеци и години за да го вратиме оној дел од рускиот пазар за кој се боревме со години“, ги пренесува весникот зборовите на претприемачот Армандо Амброзио.

Според неговото мислење, најголема добивка од ембаргото ќе имаат трети држави, односно оние држави врз кои не е воведено ембарго. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња