Западни медиуми: „руските шпиони“ ја поплавија Европа

На фонот на новата „Студена војна“ во Европа во голем број се враќаат „руските шпиони“, пишува Newsweek.

На фонот на новата „Студена војна“ во Европа во голем број се враќаат „руските шпиони“, пишува Newsweek. Списанието напомнува за историјата со латвискиот европарламентарец Татјана Жданок, која е обвинета за „тесни врски“ со Русија. Сепак, се забележува во статијата, таквите сомнежи сведочат за новата „шпионска игра“ која се појавува во Европа.

Се разбира, по „Студената војна“ шпионажата не исчезна во целост од сцената, пишува списанието. Особено успешно Москва ја возобнови советската практика на т.е. операции на влијание, во кои учествуваат западните и руските работници во странство. „Разбирливо е дека за време на криза сите специјални служби го зголемуваат обемот на работа. Но Русите тоа почнуваат да го прават во индустриски размери“, забележува изданието.

Списанието исто така ги наведува зборовите на Пол Лашмар од Универзитетот Брунел, кој изјави дека „операциите на влијание“ не се за Москва нешто ново: спроед зборовите на експертот, слична дејност имал и СССР во 1950-те години, кога инвестирал огромни ресурси во весници, новински агенции и контакти со научници од Западот. „Британците и Американците на тоа одговарале во иста мера“, додаде Лашмар.

Освен тоа, списанието забележува дека кај западните специјални служби се појавува прашањето: кога човека може да се нарече „агент на влијание“, а кога „страстен приврзаник на Русија“. Поради тоа списанието потсетува на историјата со градоначалникот на Талин Едгар Сависар, кој есенва изгуби на суд естонски весник, кој го нарекол „руски агент“.

Не е тајна дека секоја држава, доколку ѝ се понуди шанса, ќе прибегне кон „операциите на влијание“, пишува списанието, наведувајќи го како пример Radio Free Europe за време на „Студената војна“, кој помогна во падот на „железната завеса“. На почетокот таа радио станица била финансирана од ЦИА, додаде списанието. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња