Русија и Индија донесоа програма за долгорочна соработка во областа на атомската енергија.
Документот го потпишаа во четвртокот шефот на „Росатом“ Сергеј Кириенко и раководителот на Одделот за нуклеарна енергија на Индија Ратан Кумар Синх.
Освен тоа, страните потпишаа спогодба за тајност на техничките податоци и информации во таа сфера.
Како што соопшти претходно Кириенко, Русија и Индија се договараат за изградба на не помалку од 12 нуклеарни реактори во следните 20 години. Зборувајќи за механизмот за финансирање на проектите, Кириенко забележува дека се предвидува изградба на нуклеарните реактори со државни кредити. Изградбата и купувањето на опремата од индиско производство ќе ја плаќа владата на индиската држава, додаде тој.
Освен тоа, во четвртокот Русија и Индија потпишаа договор за изградба на трет и четврт нуклеарен ректор во централата „Куданкулам“. Во почетокот на 2016 година ќе започне изградбата на првите сегменти од реакторите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче