Расмусен: Лошите односи меѓу НАТО и Русија ќе траат со децении

Освен тоа, Расмусен изрази сомневање дека конфликтот во Украина наскоро ќе престане.
На Русија и на НАТО им требаат правила за коегзистенција

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека конфронтацијата меѓу НАТО и Русија може да потрае децении, пишува Delfi.

„Дури би и искористил и посилен збор - разочарување (за ситуацијата околу Русија). Во совјот прв говор кога станав генерален секретар изјавив дека НАТО и Русија би можеле да создада стратешко партнерство. Се договоривме за тоа на самитот на НАТО и Русија во 2010 година. Денес Русија го смета НАТО за противник, и јас сум многу разочаран. Според мене, ова конфликтно сценарио меѓу Русија и Западот ќе потрае децении. Ова може да биде променето од само еден елемент - цената на нафтата, со која може да се намали периодот на конфликт“, изјави Расмусен.

Освен тоа, Расмусен изрази сомневање дека конфликтот во Украина наскоро ќе престане. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња