![]() |
Одлуката на ОПЕК влијаеше на руската економија |
Поранешниот шеф на ОПЕК изјави дека организацијата не е способна да го запре падот на цените, пишува англиското издание The Telegraph. Постариот советник на емирот на Катар и поранешен шеф на ОПЕК Абдула бин Хамад ал-Атија изјави дека ОПЕК „не може повеќе да го решава проблемот самостојно, како што тоа го правеше досега“. Според неговите зборови, сега „ситуацијата е драстично поразлична“.
Според него, Русија, Норвешка и Мексико треба да седнат на преговарачка маса со ОПЕК за да разговараат за намалување на испораките.
Еден од основните проблеми со кои се судира ОПЕК сега е вишокот нафта која се нуди на пазарот- околу 2 милиона барели на ден. Според мислењето на поранешниот шеф на ОПЕК, тоа е количина која доаѓа од држави кои не се членки на ОПЕК. „Тоа е катастрофа“, смета ал-Атија. „ОПЕК треба да разговара со државите кои не влегуваат во организацијата, но Америка никогаш нема да ги намали своите испораки“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче