Мексиканска компанија ќе купи 10 авиони SSJ-100

Како што изјави изворот, преговорите за склучување на дополнителен договор за купување уште 10 авиони за мексиканската компанија Interjet се при крај.

Советот на директори на мексиканската авиокомпанија Interjet ја одобри зделката за купување уште 10 руски авиони Suhkoi Superjet 100 како дополнување на претходно склучениот договор за купување 20 авиони, изјави за РИА Новости извор кој е запознат со подготовката на решението.

„Преговорите за склучување дополнителен договор за уште 10 авиони за компанијата Interjet се при крај, и ние сме уверени дека наскоро ќе соопштиме за позитивните резултати. Знаете, ние сѐ уште не можеме да дадеме детали за зделката“, изјави изворот за агенцијата.

Компанијата „Сухој“ соопштува дека во моментов мексиканската компанија користи 11 авиони од кои превозникот е сосема задоволен.

SSJ-100 е руски патнички авион за кратки релации. Првиот лет овој авион го изврши во 2008 година, а во сериско производство и комерцијална продажба е пуштен во 2011 година. Најголем купувач на овој авион е „Аерофлот“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња